За учество на националниот натпревар во рамките на Европскиот квиз на парите ‒ еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, оваа година се пријавени 174 одделенија, односно класови од 72 основни и средни училишта од нашата земја, што повторно упатува на голем интерес меѓу младите за овој натпревар. Денес, со виртуелна работна средба со наставниците и професорите координатори кои се одзваа на Јавниот повик, започнаа активностите за подготовка на натпреварот. На средбата, менторите беа запознаени со материјалите за подготовка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, како и со начинот и текот на одржување на овогодишното издание на Европскиот квиз на парите.
Националниот натпревар, по кој ќе бидат познати победниците – двајцата ученици коишто ќе ја претставуваат нашата земја на финалето, ќе се одржи на 24 март 2021 година преку електронската платформа „Кахут“.
Квизот е проект на Европската банкарска федерација и има за цел да ги поттикне училиштата и наставниот кадар во Европа повеќе да вложуваат во финансиската едукација на младите.
Нашата земја по третпат е дел од овој значаен проект, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука. Минатите две години, претставници на нашата земја беа европски вицешампиони.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}