достапно само на англиски јазик
Автори: Весна Стојчевска и Мите Митески
Оценка на влијанието на фискалната политика врз тековната сметка - хипотезата за двоен дефицит во случајот на македонската економија
достапно само на англиски јазик
Материјалот има за цел емпириски, со примена на економетриски техники, да ја испита врската помеѓу буџетското салдо и салдото во размената на стоки и услуги, што во литературата е познато како хипотеза за двоен дефицит. Резултатите од истражувањето упатуваат на позитивна врска помеѓу трговската и фискалната варијабла, давајќи поддршка на хипотезата за двоен дефицит во случајот на македонската економија. Сепак, ваквиот заклучок е валиден само за тековниот квартал, додека во следните квартали ефектот станува статистички незначаен, што упатува само на едновремени директни ефекти од фискалната политика врз тековната сметка коишто не опстојуваат во следниот период, иако тоа не ја намалува потребата од фискална претпазливост, особено во економија со фиксен девизен курс. Резултатите треба да се земат со внимателност со оглед на ограничувањата на истражувањето во однос на должината на сериите, внатрешните и надворешните шокови, како и структурните промени во економијата.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}