Почитувани,
Општ заклучок на Одборот за оценување е дека квалитетот на пристигнатите трудови е солиден. Беа поднесени пет труда, од кои три ги исполнуваа пропишаните критериуми за обем. Станува збор за современи економски истражувања, кои користат напредни економетриски техники и релевантна, првенствено странска, академска литература. Како и во минатите години, генерална забелешка е дека постои неусогласеност во користењето на стручната терминологија во трудовите, кои се пишувани на македонски јазик. Одборот смета дека Народната банка на Република Македонија со својата неспорна експертиза може да придонесе кон унифицирање на економската терминологија на македонски јазик. Една од опциите е да биде носител на иницијативата за објавување на современ речник на модерна економска терминологија.
По извршеното индивидуално оценување на трудовите беше констатирано дека трудот под наслов „Дали финансискиот сектор е ограничувачки фактор за економскиот раст? Случајот на Република Македонија“ е оценет со највисока просечна оценка. Истиот се одликува со конзистентност, релевантност и актуелност во денешниот миг, во кој македонскиот финансиски сектор закрепнува од Големата рецесија. Со декласификација на податоците беше констатирано дека автор на трудот е д-р Дарко Лазаров, доцент на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Неговите истражувања се првенствено во вкрстените интереси на економиката на развојот и меѓународната економика.
Во интерес на временската конзистентност на оценките, Одборот одлучи оваа година да се додели само втора награда, на доц. д-р Дарко Лазаров со трудот „Дали финансискиот сектор е ограничувачки фактор за економскиот раст? Случајот на Република Македонија“.
Го поканувам гувернерот да ја додели наградата на Дарко Лазаров.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}