Автори: Гани Рамадани, Магдалена Петровска, Весна Стојчевска и Дијана Јаневска-Стефанова
Анализа на ефектите од новите извозно ориентирани компании во домашната економија
Во рамки на Дирекцијата за монетарна политика и истражување e изготвена анализа во чијшто фокус се ефектите од работењето на новите извозно ориентирани компании врз домашната економија. Оцените покажуваат дека компаниите во индустриските зони придонесуваат за раст на вкупната додадена вредност во економијата за 2,3 п.п. од збирниот номинален раст од 16,9% во периодот 2014 - 2016 година. Со анализата се проценуваат и индиректните ефекти од овие компании преку нивните набавки од субјекти на домашниот пазар, како и опортунитетните фискални трошоци. Сумирано, анализата на трошоците и придобивките упатува на позитивен збирен ефект на овие компании во периодот 2013 -2016 година од околу 660 милиони евра, или во просек 2,1% од БДП. Од аспект на билансот на плаќања, збирниот ефект од тековните и финансиските трансакции на компаниите упатува на создавање нето девизни приливи во домашната економија од 8,6% од БДП во периодот 2008 - 2016 година, при што 4,8% од БДП се резултат на позитивниот ефект врз тековните трансакции, а 3,8% од БДП од финансиските нето-приливи создадени од овие компании.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}