Надворешен долг
Надворешниот долг на една економија ги претставува тековните обврски помеѓу резиденти и нерезиденти врз основа на должнички инструменти, на одреден датум. Статистичкото истражување на надворешниот долг опфаќа стандардни извештаи за бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања.
Најчесто користен показател за надворешниот долг е бруто надворешниот долг, кој во даден момент е еднаков на износот на тековните и безусловни обврски коишто бараат плаќања на главнина и/или камата од страна на должникот во некое идно време и коишто се должат кон нерезиденти од страна на резидентите на една економија.
Статистиката за надворешниот долг исто така вклучува индикатори за нето надворешен долг т.е. разлика помеѓу состојбата на бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања. Нето надворешниот долг, во својата структура е идентичен со бруто надворешниот долг и побарувања, при што стандардниот приказ на сите категории е поделба по институционални сектори, рочност и видови должнички инструменти.
Најнови остварувања:
На крајот на третиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.072 милионa евра (или 78,3% од проектираниот БДП за 2023 година) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања се намалија за 155 милиони евра и изнесуваат 6.918 милиони евра (или 48,9% од проектираниот БДП). Поголемото квартално намалување на обврските во однос на побарувањата доведе до намалување на нето надворешниот долг за 168 милиони евра, со што на крајот на септември 2023 година тој изнесува 4.154 милиони евра (или 29,4% од проектираниот БДП). Притоа, намалувањето на нето надворешниот долг во третиот квартал произлегува од намалувањето на приватниот нето-долг за 128 милиони евра и на јавниот нето-долг за 40 милиони евра. Прочитај повеќе...
Архива на надворешен долг
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)