БИОГРАФИЈА
Емилија Нацевска
вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија
Даум и место на раѓање: 9.6.1963, Охрид.
РАБОТНО ИСКУСТВО
Релевантни позиции
јули 2010 - октомври 2018
|
|
Советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во Народната банка
Поважни активности и одговорности:
- го следи процесот за интеграција на нашата земја во Европската Унија и ги координира активностите во Народна банка за подготовка на потребните влезни информации во националните документи поврзани со овој процес: ЕРП, НПАА, извештаите за остварените активности и други документи;
- ги следи активностите поврзани со процесот за приклучување на Народна банка кон Европскиот систем на централни банки и Евросистемот и придонесува со свои мислења;
- го следи развојот на националниот платен систем со фокус врз неговата усогласеност со стандардите и правилата за работа на платните системи во Единствената европска платежна област (СЕПА) и можностите за натамошен развој;
- учествува во изготвувањето на макроекономските проекции на Народната банка;
- придонесува со свои мислења за прашања поврзани со монетарната политика и финансискиот систем.
|
јули 2003 - јули 2010
|
|
Вицегувернер на Народната банка
Член на Советот на Народната банка
Работни одговорности и позначајни постигнувања:
|
февруари 2006 - јули 2010
|
|
Вицегувернер задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика.
- Подобрување на процесот на монетарно одлучување и зголемување на транспарентноста и одговорноста на Народната банказа монетарните одлуки: надграден е и ставен е во употреба модел за среднорочно проектирање, развиена е инфраструктура за краткорочно прогнозирање, воспоставен е систем на тримесечни макроекономски проекции и обезбедено е нивно редовно објавување во кварталните извештаи.
- Унапредување на статистиката и натамошно усогласување со меѓународните стандарди: за првпат се објавени податоци и временски серии за странските директни инвестиции, за меѓународната инвестициска позиција, за бруто и нето надворешниот долг и побарувања, ревидирана е временската серија на монетарните податоци, воведени се нови извори на податоци.
|
јули 2004 - февруари 2006
|
|
Вицегувернер задолжен за оперативното спроведување на монетарната политика, управувањето со девизните резерви, платните системи и трезорското работење.
- Суштински реформи во оперативната рамка на Народната банка со што е зголемена ефикасноста и трансмисиската моќ на монетарната политика.
- Поставување и развој на пазарите преку шалтер и на репо-операциите.
- Продлабочување и развој на девизниот пазар и унапредување на интервентната политика на Народната банка: воспоставен е електронски информативен систем и платформа за котирање и тргување меѓу банките и на банките со Народната банка, воведени се банки поддржувачки на Народната банка за интервенциите на пазарот, поставени интерни правила за интервенции.
- Унапредување на процесот на управување со девизните резерви и зајакнување на процесот на одлучување: поставена е стратегија и политика за пласирање заснована врз следење и контрола на ризиците, формиран Комитет за инвестирање и постапка на одлучување, започнување со инвестициско тргување.
- Подобрување на правната сигурност во работењето на платните системи и зголемување на ефикасноста на плаќањата, воспоставување на платежната статистика.
- Унапредување на процесот на издавање и ракување со готови пари.
- Обезбедување на потребната инфраструктура за поставување на примарниот пазар на државни хартии од вредност и поддршка на државата за развој на пазарот со издавање трезорски записи за монетарни цели.
- Поставување на задачите чувар на имот на средствата на првите приватни задолжителни пензиски фондови за поддршка на реформата на пензискиот систем и нивно извршување сѐ до приспособувањето на комерцијалните банки за извршување на овие услуги.
|
јули 2003 - јули 2004
|
|
Вицегувернер задолжен за девизниот сектор според тогашната организациска шема на Народната банка и заменик-гувернер со овластување од гувернерот согласно со тогашниот закон.
- Подигнување на корпоративното управување во Народната банка како иницијатор и учесник во поставувањето на првата функционална реорганизација на Народната банка, вклучително и на интерните политики и правила, согласно со најдобрите практики на современите централни банки.
- Централизација и консолидација на статистичките активности, организациско обединување на макроекономското проектирање.
- Иницијатор за поставување на процесите за обезбедување непрекинатост во работењето и за сигурност на информативниот систем на институционално ниво согласно со меѓународните стандарди.
|
декември 1997- јули 2003
|
|
Директор на Дирекцијата за платен биланс на Народната банка.
Поважни активности и одговорности:
- Редовно објавување на статистиката на платниот биланс и подобрување на процесите за прибирање и обработка на податоците, натамошно усогласување со меѓународните стандарди и унапредување на екстерните статистики.
- Воведување извори на податоци и методолошки основи за воспоставување на статистиката на странските директни инвестиции и на меѓународната инвестициска позиција.
- Одговорна за проекциите на платниот биланс, за анализата на надворешниот сектор и реалниот ефективен курс на денарот.
- Учество во преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ);
- Учество во изработката на новата законска и подзаконска регулатива за девизно работење во согласност со одредбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и во изработката на нов закон за Народната банка со којшто се изврши значително зголемување на независноста на централната банка.
|
мај 1996 - декември 1997
|
|
Раководител на Отсекот за платен биланс во Дирекцијата за девизно работење на Народната банка
Поважни активности и одговорности:
- Составување и навремено објавување на платниот биланс, подобрување на опфатот и проширување на изворите на податоци, натамошно усогласување со меѓународните стандарди.
- Подготовка на проекциите на платниот биланс.
- Анализа на надворешниот сектор и реалниот ефективен курс на денарот.
- Учество во преговорите со ММФ.
|
јануари 1995 - мај 1996
|
|
Стручен соработник во Отсекот за меѓународни односи и платен биланс во Дирекцијата за девизни работи на Народната банка.
Поважни активности и одговорности:
- Составување и навремено објавување на платниот биланс.
- Анализа на надворешниот сектор и реалниот ефективен курс на денарот.
- Соработка со ММФ околу изготвувањето на проекциите на платниот биланс.
- Поставување инфраструктура за подготовка на проекциите на платниот биланс.
- Учество во изработката на правната рамка за централнобанкарските активности и девизниот режим на независна Република Македонија.
|
март 1993 - јануари 1995
|
|
Девизен аналитичар во Отсекот за меѓународни односи во Дирекцијата за девизни работи на Народната банка
Поважни активности и одговорности:
- Составување и навремено објавување на платниот биланс.
- Анализа на надворешниот сектор и поставување методологија за следење на реалниот ефективен курс на денарот.
- Соработка со ММФ околу изготвувањето на проекциите на платниот биланс.
- Одговорна за повлекување на првите кредитни линии и заеми од Светската банка.
|
ноември 1987 - март 1993
|
|
Помлад девизен аналитичар во Отсекот за меѓународни односи во Дирекцијата за девизно работење на Народната банка.
Поважни активности и одговорности:
- Анализа на надворешниот сектор на РМ во состав на СФРЈ.
- Учество во изготвувањето на полугодишните и годишните извештаи на Народната банка.
- Учество во институционалниот процес при монетарното осамостојување на нашата земја.
- Воспоставување на статистиката на платниот биланс на нашата земја.
|
Учество во проекти и други позначајни активности во работни тела:
2004 - денес
|
|
Претседател на Националниот совет за платни системи, формиран со Спогодба меѓу гувернерот, министерот за финансии и претседателот на Здружението на банкарството, како консултативно и координативно тело за развој и унапредување на платниот систем, составен од претставници на институциите основачи и на други институции вклучени во платниот систем; ги координира активностите за разрешување актуелни проблеми во извршувањето на плаќањата, за унапредување на платните системи преку примена на стандардите и правилата за работа на СЕПА; го организира процесот за подготовка на национална стратегија за развој на платните системи и го следи остварувањето.
|
2012 - 2013
|
|
Иницијатор и координатор на спроведувањето на првиот проект за соработка на Народната банка со Европската централна банка со којшто е извршена целосна анализа на состојбите и потребите на Народната банка во процесите на нејзино приклучување кон Европскиот систем на централни банки и Евросистемот.
|
2004 г.
|
|
Предводник на тимот во Народната банка за подготовка на одговорите на Прашалникот од ЕУ и одговорно лице за координација на активностите поврзани со европската интеграција.
|
|
|
|
2004 - 2005
|
|
Учесник во проектот за реформа на пензискиот систем на нашата земја.
|
2003 - 2010
|
|
Заменик-гувернер за нашата земја во Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд.
|
2003 г.
|
|
Учесник во проектната група за поставување регулатива за услугата брз трансфер на пари.
|
1999 - 2002
|
|
Учесник во проектната група за изработка на нова законска регулатива за девизното работење во согласност со одредбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација на нашата земја со ЕУ (ССА) и во проектната група за изработката на нов закон за Народната банка заради обезбедување на независноста на централната банка согласно со барањата на ЕУ.
|
1998 г.
|
|
Учесник во тимската обука за институционално спроведување на одредбите од ССА.
|
1997 г.
|
|
Раководител на проектот за воспоставување надворешнотрговска статистика на нашата земја.
|
1994 г.
|
|
Учесник во активностите за намирување на достасаните неплатени обврски на нашата земја кон мултилатералните кредитори, како услов за зачленување на земјата во меѓународните финансиски институции (ММФ и СБ) при што успешно го организира повлекувањето на првиот кредит од СБ.
|
ОБРАЗОВАНИЕ
2012 г.
|
|
Магистер по економски науки
Економски институт, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје,
Наслов на магистерскиот труд: „Улогата на Народната банка на Република Македонија во евроинтеграциониот процес на земјата“.
Ментор: проф. д-р Силвана Мојсовска
|
1986 г.
|
|
Дипломиран економист
Насока за финансии, сметководство и банкарство
Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
|
СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ И УЧЕСТВО НА СЕМИНАРИ И КОНФЕРЕНЦИИ
Посета на голем број семинари и курсеви организирани од центрите за обука на меѓународните финансиски институции и централните банки во областа на макроекономското финансиско програмирање, макроекономските статистики, монетарната политика, девизниот режим, финансискиот систем и политика, платните системи, евроинтеграциските процеси, инстутуционалниот менаџмент и др.; студиски посети на централната банка на Словенија, Австрија, Бугарија; учество во бројни меѓународни работилници од овие области;
Присуство или учество со свои излагања на значителен број домашни и меѓународни конференции од областа на централнобанкарското работење и финансиските системи.
|
ПОЗНАВАЊЕ ЈАЗИЦИ
македонски
|
|
мајчин јазик.
|
англиски јазик
|
|
одлично говорење, разбирање и пишување.
|
јужнословенски јазици
|
|
многу добро говорење, разбирање и пишување.
|
ПОЗНАВАЊЕ КОМПЈУТЕРСКИ СОФТВЕРИ
Microsoft Office
|
|
одлично
|
други интерни професионални апликации развивани во Народната банка
|
|
одлично
|