Платен биланс
Платниот биланс ги евидентира сите економски трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти во одреден временски период и ги отсликува сложените економски врски на земјата со остатокот од светот. Платниот биланс се состои од тековна сметка (стоки, услуги, примарен и секундарен доход), капиталнa и финансиска сметка.
Најнови остварувања:
Во третиот квартал од 2020 година, во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 43,3 милиони евра, главно како резултат на дефицитот во стоковната размена. Во споредба со претходниот квартал, дефицитот во тековната сметка е намален за 41,8 милиони евра.
Кај финансиските трансакции со нерезидентите се остварени нето-приливи од 24 милиони евра, врз основа на заеми и трговски кредити, при нето-одливи кај валутите и депозитите, портфолио-инвестициите и директните инвестиции. Прочитај повеќе ...




Архива на платен биланс
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)