Надворешниот долг на една економија ги претставува тековните обврски помеѓу резиденти и нерезиденти врз основа на должнички инструменти, на одреден датум. Статистичкото истражување на надворешниот долг опфаќа стандардни извештаи за бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања.

Најчесто користен показател за надворешниот долг е бруто надворешниот долг, кој во даден момент е еднаков на износот на тековните и безусловни обврски коишто бараат плаќања на главнина и/или камата од страна на должникот во некое идно време и коишто се должат кон нерезиденти од страна на резидентите на една економија.
 
Статистиката за надворешниот долг исто така вклучува индикатори за нето надворешен долг т.е. разлика помеѓу состојбата на бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања. Нето надворешниот долг, во својата структура е идентичен со бруто надворешниот долг и побарувања, при што стандардниот приказ на сите категории е поделба по институционални сектори, рочност и видови должнички инструменти. 



Најнови остварувања:


На крајот нa третиот квартал од 2020 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.087 милиони евра (83,4% од БДП) и забележа квартален раст. Зголемување на квартална основа забележаа и бруто надворешните побарувања, коишто на крајот на кварталот изнесуваат 5.946 милиони евра (54,6% од БДП). При повисок квартален раст на обврските во однос на побарувањата, нето надворешниот долг забележа раст од 187 милиони евра, со што на крајот на септември 2020 година тој изнесува 3.141 милион евра (28,8% од БДП). Притоа, зголемувањето на нето надворешниот долг во третиот квартал произлегува од зголемениот јавен нето-долг (за 201 милион евра), при намалување на приватниот нето-долг (за 14 милиони евра). Прочитај повеќе...   

        


 







 


Архива на надворешен долг 

    

За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)