Меѓународната инвестициска позиција (МИП) ги прикажува состојбите и структурата на надворешните финансиски средства и обврски кон нерезиденти врз основа на финансиски инструменти, на определен датум. 

Нето меѓународната инвестициска позиција се дефинира како разлика помеѓу вкупните меѓународни финансиски средства и обврски. Притоа, негативната нето меѓународна инвестициска позиција значи дека финансиските обврски ги надминуваат финансиските побарувања од нерезидентите.



Најнови остварувања:


Негативната нето меѓународна инвестициска позиција, во текот на третиот квартал од 2019 година, изнесува 6.238 милиони евра, или 56,1% од проектираниот БДП за 2019 година. На квартална основа 
негативната МИП бележи намалување за 11 милиони евра, коешто произлегува од поголемото зголемување на средствата во однос на зголемувањето на обврските.
Гледано по инструменти, нето-обврските врз основа на сопственички инструменти бележат намалување за 22 милиона евра, додека нето-обврските врз основа на должнички инструменти се зголемени за 11 милиони евра. Прочитај повеќе...







 


Архива на меѓународна инвестициска позиција   



За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)