Податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти.
Податоците за трансакциите на директните инвестиции се прикажуваат според пазарната вредност.



Најнови остварувања:

Вкупните директни инвестиции во земјата, во текот на четвртиот квартал од 2019 година изнесуваат 193,7 милиони евра. Од нив, 59,5 милиони евра се нето приливи врз основа на сопственички капитал, 141,5 милиони евра се нето-приливи врз основа на должнички инструменти, додека реинвестираната добивка е намалена за 7,3 милиони евра.

Во текот на 2019 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра, од кои 219,9 милиони евра се нето-приливи по сопственички капитал, 101,8 милиони евра се нето приливи по реинвестирана добивка и 4,5 милиони евра по должнички инструменти.














За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)